Новото големо „Ел Класико“ фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона ќе го играат за трофејот во Суперкупот на Шпанија.

Ова откако вечерва во Саудиска Арабија, во вториот полуфинален дуел, Реал Мадрид ја победи Мајорка со 3-0.

Долго „кралевите“ се мачеа да го скршат отпорот на Мајорка. Тоа конечни му успеа на Џуд Белингам во 63-тата минута. Кога сите го чекаа крајот на натпреварот, во судиското дополнение уште два гола во мрежата на Мајорка. Прво Маерин Ваљент си постигна автогол, а потоа и Родриго се запиша во листата на стрелците.

Претходно место во финалето Барселона обезбеди со вчерашната победа со 2-0 над Атлетик Билбао.

Така Реал и Барселона во недела (20 часот) трет пат во низа ќе се борат за трофејот во шпанскиот Суперкуп.