Екипата на Барселона преку Атлетик Билбао стигна до финале на шпанскиот Суперкуп што се игра во Саудиска Арабија. Со резултат од 2:0, Барселона триумфираше и се избори за меч за трофејот.

Во првото полувреме имаше израмнета игра во која повеќе до израз доаѓаше Барселона. Водечкиот гол го постигна Гави во 17.та минута.

Второто полувреме беше по бурно, во споредба со првото. Гави му асистираше на Ламин Јамал во 52.та минута за 2:0.

Атлетик Билбао до крајот беше подобар противник, постигнаа и два гол кои им беа поништени поради офсајд. Барселона издржа да не „киксне” до самиот крај и го доби полуфиналето.

Барселона во финалето на ќе го чека победник од второто полуфинале меѓу Реал Мадрид и Мајорка закажано за утревечер.