Фудбалерите на Њукасл славеа голема победа над Арсенал во првиот меч од полуфиналето на „Карабао“ Лига Купот.
На дуелот во Лондон гостите од Њукасл победија со 0-2.
Швеѓанецот, Александер Исак во 37-минута беше стрелец на првиот гол. Во второто полувреме, односно 51.минута, во листата на стрелци се запиша и Ентони Гордон.
Така Њукасл на реваншот пред својата публика закажан за 5 февруари ќе стартува со два гола предност.
Утре својот прв натпревар од полуфиналето ќе го играат Тотенхем и Ливерпул (21 часот).