Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски со својата екипа Валенсија се пласираа во осминафиналето на Копа дел Реј.

Во натпревар од осминафиналната рунда екипата на Валенсија со 2-0 славеше на гостувањето кај Елденсе.

Димитриевски немаше многу работа и остана со „чиста“ мрежа. Валенсија пак головите ги постигна уште во првото полувреме.

Канос уште во деветтата минута го отвори резултатот, а конечните 2-0 беа дело на Лопез во 39-тата минута.