Екипата на Њукасл славеше победа над Тотенхем во првиот денешен дуел од 20.коло на Премиер лигата. Натпреварот одигран во Лондон, Њукасл го добија со 1-2.
Се почна добро за домаќинот Тотенхем, кој преку Соланке во 4.минута поведе со 1-0. Но радоста траеше само две минути, па Гордон во шестата израмни на 1-1.
Се играше 38-та минута кога по големата грешка на Драгушин, на вистинското место се најде Исак и му донесе предност на Њукасл од 1-2.
Со оваа победа, десетта сезонава, Њукасл се зацврсти на петтото место на табелата со 35 бодови. Толку има и Челзи на четвртото место кој попладнево му гостува на Кристал палас.
Тотенхем со само 24 бодови и на 11-тата позиција на табелата.