Машката репрезентација на Македонија го одработува првиот дел од подготовките за Светското првенство. Македонските ракометари се веќе седми ден во Стара Пазова, Србија.

Избраниците на Кирил Лазаров попладнево ќе ја имаат третата контрола. Тие играат пријателски натпревар репрезентацијата на Србија.

Ова треба да е посериозен тест од претходните два во кои напите ракометари славеа убедливи победи над српските екипи Нови Београд 85-44 и Динамо Панчево 51-46.

По враќањето во Скопје и краткиот одмор за новогодишните празници, подготовките ќе продолжат во Хрватска каде последниот тест ќе биде против ко-домаќинот на шампионатот.

А, на првенството што почнува на 14 јануари, македонските ракометари ќе играат во групата во Вараждин.

Таму редоследно на 15, 17 и 19 јануари ќе играат против Унгарија, Холандија и Гвинеја.