Најдобрите светски скијачки се во Семеринг, каде денеска на програмата беше слаломот.
Најдобра во двете возења беше Зринка Љутиќ. До својата прва победа во светскиот куп, Хрватката стигна со вкупно време 1:43.33 минути оставајќи ја далеку зад себе конкуренцијата,
Така второ пласираната Катерина Линсберг од Австрија заостана 1 секунда и 75 стотинки, а Германката, Лена за десет стотинки плус.
Ова е прва победа за хрватските скијачки, по долга пауза, односно уште од времето на легендарната Јаница Костелиќ.
Дваесетгодишната Љутиќ дебитираше на Мундијалот пред точно четири години во Семеринг, а сега ја прослави првата победа во овој австриски зимски центар.
По трките во Семеринг, Светскиот куп во скијање продолжува во Крањска Гора, каде на 4 и 5 јануари ќе се одржат велеслалом и слалом.