Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити ја продолжува агонијата во Премиер лигата.

Во натпреварот од 18.коло пред своите симпатизери Сити одигра само 1:1 против Евертон.

Иако се добро почна за избраниците на Пеп Гвардиола, сепак на крајот останаа само со еден освоен бод. Во 14.минутда Бернардо Силва му донесе предност на Манчестер Сити. Сепак, предноста не траеше долго, а гостите ја анулираа во 34.минута преку Ендиае.

Во вториот дел „граѓаните“ пропуштија голема можност да стигнат до ново водство. Во 53.минута Халанд не реализира пенал.

Така Сити кој нема победа на последните три натпревари во Премиер лигата, сега има 28 бодови е на шестото место.