Во англиската Премиер лига попладнево се одиграа четири натпревари од 17-отото коло.
На „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед загуби од Борнемут со 0-3.
Гостите поведоа во 29.минута со голот на Хујисен. Во 60-тата беше досуден пенал за Борнемут, кој за 2-0 предност го реализира Клајверт. Судбината на Јунајтед ја запечати Семењо со голот во 64-тата минута за 0-3.
Со ист резултат Лестер беше поразен од Вулверхемптон (0-3).
На „Гусисон Парк“ во Ливерпул, екипите на Евертон и Челзи одиграа 0-0, а без голови заврши и дуелот Фулам – Саутемпртон.
Попладнево ќе се игра дербито во Лондон, каде Тотенхем ќе го пречека водечкиот Ливерпул (17.30 часот). Тоа е шанса за црвените од „Енфилд“ да ја зголемат разликата во однос на второ пласираниот Челзи која сега е само еден бод.