Фудбалерите на Атлетико Мадрид со голем пресврт и два шута кон голот на Барселона славеа голема победа во дербито на шпанската Ла Лига.

На дуелот од 18.коло одигран на „Олимпискиот стадион“ во Барселона, домашниот тим доминираше во Атлетико славеше со 1-2.

Барселона ја контролираше играта, постојано напаѓање и создаваше шанси. Таквата игра донесе резултат во 30.минута кога Педри погоди за 1-0.

Имаше Барселона уште неколку зрели шанси за гол во продолжението, особено Рафиња кој во 58.минута ја погоди пречката од голот на Атлетико. Само шеесетина секунди подоцна по кардиналната грешка на Касадо „поклонот“ го искористи Родриго Депол за да израмни на 1-1.

Во 78.минута две идеални шанси на двете страни, прво Левандовски, а потоа Бариос не успеаја да реализираат.

И кога сите очекуваа дека со „реми“ ќе заврши дербито, Атлетико од својот втор обид стигна до триумф. Стрелец на победничкиот гол беше Сорлот во четвртата минута од судиското дополнение.

Сега Атлетико е лидер на табелата со 41 бод, три повеќе од вечерашниот ривал Барселона која има натпревар повеќе. Трето пласиран е Реал со 37 бодови, но и два одиграни натпревари помалку од Барселона, а еден од Атлетико.