Страотна сцена се случи вечерва во „ОАКА Арена“ во Атина каде Панатинаикос и Басконија го играат својот натпревар во Евролигата.

Имено, францускиот центар Матијас Лесор заработи тешка повреда на скочниот зглоб. Страшната болка и вресокот на Лесор ги занеми присутните во преполната арена.

Дел од играчите и публиката дури и заплакаа. Силниот Французин, само на една нога потскокнувајќи замина во соблекувалната, а првичните информации велат дека итно е однесен во болница.

Во продолжението Панатинаикос убедливо го доби натпреварот со 104-69