Екипата на Леганес направи големо изненадување совладувајќи ја Барселона со 1-0 во дуел од 17.коло на Ла Лига. Откако пред две недели загубија од Лас Палмас и вечерва фудбалерите на Барселона се поразени пред своите навивачи.
Уште во четвртата минута сои голот на Гонзалес гостите поведоа со 0-1. Барселона се обидуваше со сите сили да стигне до израмнување, Неколку идеални шанси имаа домаќините, но одличен на голот беше гостинскиот чувар на мрежата Дмитровиќ.
И во вториот дел иста слика на теренот. Се играше, речиси цело време, на половината на Леганес, но играчите на Барса не успеаја да стигнат до израмнување.
По овој, четврти пораз во Ла Лига, Барса остана на првото место но со ист број на бодови како и Атлетико, а еден повеќе од Реал. Сепак двата мадридски тима имаат одиграно еден натпревар помалку од каталонскиот.
Веќе во сабота (21 декември) Барселона ја има нов голем предизвик кога ќе го пречека Атлетико Мадрид.