Втор ден натпревари на Светско првенство во пливање во кратки, 25 метарски базени, што се одржуваа во Будимпешта, Унгарија.

Денеска својот прв настап од македонските пливачи го имаше Јован Јанковски.

Тој настапи во четвртата квалификациска трка на 100 метри слободно. Иако речиси 70-тина мести беше лидер на трката, сепак го загуби ритамот по последното свртување. Јанковски исплива време од 50.30 секунди и заврши како втор. Сепак, во конечниот поредок на 64.место во конкуренција на 101 пливач колку стартуваа. Својот втор настап ќе го има во петок во квалификациите на 100 пеперутка.

Истото утро (петок) за прв пат ќе настапи и олимпиецот, Никола Ѓуретановиќ кој ќе плива на 400 метри слободно, а ќе учествува и во квалификациите на 800 метри.

Потсетување дека прва од македонските пливачки вчера настапи Сара Јанковиќ која на400 метри слободно заврши на 34.место во конкуренција на 41 пливачки. Сара својот втор настап ќе го има во недела на 200 метри слободно.