Актуелниот шпанскио шампион Реал Мадрид впиша нова победа во Ла Лига.

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и екипата на Џирона беа немоќни против Реал. „Кралевите” по киксот во средата се вратија со победа од 3:0.

Кралевите првото полувреме го отворија резултатот во 36.та минута со голот на Белингам.

Во вториот дел за 2:0 стрелаше Арда Ѓулер во 55-та минута, а Мбапе постигна гол за 3:0 во 62-та минута. „Пех” на победата ќе остави повредата на Џуд Белингам кој мораше да го напушти теренот во 61-та минута. Бојан Миовски ја напушти играта во 58-та минута.

Реал го искористија новиот кикс на Барса и со 36 бода на 16 одиграни кола се на втората позиција. Барселона е лидер со 38 бода, ни има натпревар повеќе од „Кралевите“.

Миовски и Џирона се на 8-та позиција со 22 бода во 16 одиграни кола.