Дербито на „Мерсисајд“ меѓу Ливерпул и Евертон со кое требаше да почне денешната програма во Премиер лига, нема да се игра.
Имено, 120-тото дерби на легендарниот стадион „Гудисон Парк“ што беше закажан за 13.30 часот е одложен.
Како што пренесуваа англиските медиуми, постои опасност која би можела да ја предизвика невремето „Дара“ кое владее во тој дел од Англија. Дерби дуел ќе треба да се почека барем уште еден ден.
Досега овие два тима играле 244 натпревари, во кои Ливерпул има остварено 99 победи, а Евертон 68.
Инаку Ливерпул е лидер на табелата со 35 бодови, додека Евертон е 15-ти со 14 бодови.
Today's Merseyside derby at Goodison Park has been postponed due to adverse weather conditions.
— Everton (@Everton) December 7, 2024
Full details to follow. pic.twitter.com/ikF8iJRTGs
We can confirm today’s Premier League fixture against Everton at Goodison Park has been postponed.
— Liverpool FC (@LFC) December 7, 2024