Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски рангирања, па така е и денеска.
Македонските тенисери бележат пад на новата АТП листа.
Горазд Србљак е најдобро рангираниот Македонец. Тој со 9 поени денеска е на 1153-тата позиција што е пад за три места. И Калин Ивановски има пад од три позиции. Калин кој има 5 поени во моментов е на 1309-тотото место.
Што се однесува до ТОП 10-те, таму нема промени.
Убедливо прв е Италијанецот, Јаник Синер, пред Александер Зверев, Карлос Алкараз, Тејлор Фриц и Данил Медведев.
Норвежанецот, Каспер Руд ја предводи втората половина од 10-ката, во кој се и: Новак Ѓоковиќ, Андреј Рубњев, Алекс ДеМаунир у Григор Димитров.