Фудбалерите на Реал Мадрид ја остварија десеттата победа во шпанската Ла Лига. „Кралевите“ на „Сантијаго Бернабеу“ го совладаа Гетафе со 2-0 во натпревар од 15птото коло.
Уште во првиот дел Реал си ја заврпи работата и го реши победникот.
По половина час игра беше досуден пенал за домаќините кој го реализира Џуд Белингам.
Не мина долго време, односно осум минути подоцна веќе беше 2-0. По одличното додавање на Белингам, во листата на стрелците се запиша Килијан Мбапе.
Со оваа победа и новите бодови, а вкупно 33, Реал сега е втор на табелата со еден бод помалку од водечката Барселона. Сепак, тимот од Мадрид има одиграно еден натпревар помалку од каталонската екипа.