Трите натпревари попладнево беа одиграни во рамките од 13.коло на англиската Премиер лига. Челзи и Манчестер Јунајтед ја искористија предноста на домашниот терен и славеа победи, а Тотенхем ремизираше со Фулам пред своите навивачи.

На „Стенфорд Бриџ“, Челзи славеше во дуелот со Астон Вила со 3-0. Николас Џексон (7,минута), Енцо Фернандез (36) и Кол Палмер (83) беа стрелци на головите за сините.

Во Лондон се одигра и дуелот меѓу Тотенхем и Фулам кој заврши без победник 1-1.

Домаќините поведоа преку Бренан Џонсон во 54-тата минута. Гостите стигнаа до израмнување во 67.минута преку Том Керни кој во 83-тата заработи црвен картон. Тотенхем не успеа да го искористи тоа па двата тима освоија по еден бод.

Убедлив беше Манчестер Јунајтед кој на „Олд Трафорд“ го победи Евертон со 4-0. По два гола постигнаа Маркус Рашфорд и Џошуа Зиркзе.

Челзи сега е трето пласиран со 25 бодови колку што има и вториот Арсенал, додека лидерот Ливерпул има 31. Тотенхем е седми со 20 бодови, еден повеќе од Манчестер Јунајтед кој скокна за четири позиции и сега е деветти.

Попладнево (17 часот) на „Енфилд“ ќе се игра дербито на ова коло во кое Ливерпул го пречекува актуелниот шампион Манчестер сити