Актуелниот ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја впиша 11-победа во Супер лигата со која изби на 1.место на табелата.

Пелистерци во воведниот натпревар од 13.коло го совладаа убедливо составот на Струга со 43-25. Иако овој натпревар требаше да се игра во Струга, поради проблемите со салата, тој беше одигран во Битола. Ако во првиот дел, до некаде, беа рамноправи стружани (19-17), во вториот Пелистер ја демонстрира надмоќта.

Цветан Кузманоски со девет беше прв стрелец во победничката екипа за која и Нејц Цехте постигна еден помалку. Вредно е да се истакне и успешното враќање на теренот на Ненад Костески кој поради пауза паузираше долго време, а денешниот натпреварот го заврши со шест гола.

Денеска ќе се играат уште три натпревари, а сите може да ги гледате во живо овде.

РАСПОРЕД

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) 13.коло

Сабота
СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 25-43
18:00 БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – ВАРДАР
18:00 БУТЕЛ – ОХРИД
18:30 ПРИЛЕП – МРК КУМАНОВО
вторник
18:00 РАДОВИШ – АЛКАЛОИД
среда
18:00 ТИКВЕШ – ПРОЛЕТ