Кавадаречкиот кулб Тиквеш во своите редови донесе две нови имиња. Станува збор за Александар Пантелиќ и на центарската Иван Волкановски.

Првиот треба да ја засили конкуренцијата на бековската позиција, додека охриѓанецот Волкановски во играта под обрачите.

Србинот, Пантелиќ играл во американската НЦАА лига за универзитетот Далтон Стејт, а сезонава ја започна во дресот на Слога Краљево. 210 сантиметри високиот Волкановски минатата сезона го носеше дресот на матичниот клуб Охрид.

Двајцата нови кошаркари би можеле да дебитираат веќе во недела кога Тиквеш ќе има тепкот гостување кај прво пласираниот Чаир.