Втор ден на Европското првенство за ракометарки што се подржува во Австрија, Швајцарија и Унгарија. 

За македонските ракометарки денеска е слободен ден и можност да се анализира играта на вчерашниот меч со фаворитот Шведска. Воедно селекторот Грчевски и неговите избранички че ја подготвуваат тактиката за претстојниот дуел со Турција.

„Шведска е одлична репрезентација. Ние имаме млади играчи во нашиот тим и за нас ова е одлична можност да се претставуваме.

Овој шампионат беше наш сон да играме против играчи како нив“,

изјави младата Марија Јанкуловска.

Фото: Ракометна Федерација на Македонија 

За очекувањата во пресрет на натпреварот против Турција, левиот бек на македонската репрезентација вели. 

„Натпреварот против Турција е клучен за нас и добро се подготвуваме за нив.

Се надевам дека ќе одиграме подобро против нив и се надевам дека ќе победиме.

Можеме да ја подобриме нашата дисциплина и мислам дека имаме шанса да победиме и треба да ги намалиме грешките што ги правиме. Дисциплината треба да биде нашиот главен фокус“, заклучува Јанкуловска.

Како сето тоа ќе изгледа во дуелот против Турчинките останува да видиме утревечер кога од 20.30 часот ќе започне натпреварот.