Европското првенство за ракометарки започнува денес и ќе се одржи во Унгарија, Шведска и Австрија. На овој шампионат ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи, меѓунив и Македонија.
Натпреварите ќе играат во четири града и тоа: Виена, Инсбрук, Дебрецен и Базел.
Македонската репрезентација е дел од групата „А“ и ќе ги игра натпреварите во Дебрецен, Унгарија. Нашите ракометарки ќе се соочат со силни противници: Шведска, ко-домаќинот Унгарија и Турција.
Оваа конкуренција ќе биде голем предизвик за избраничките на селекторот Кристијан Грчевски, кои ќе се обидат да покажат дека имаат квалитет да се борат со силните селекции.
Македонија го започнува својот настап денеска со меч против Шведска, што ќе биде тест за нашите можности и форма пред останатите дуели. Овој натпревар ќе се игра во од 20.30 часот.
Во истиот термин македонските ракометарки ќе го играат и вториот меч против Турција во сабота. Во последното коло, закажано за 2 декември, Македонија ќе игра против домаќинот Унгарија од 18.30 часот.
Двете првопласирани селекции од секоја група ќе продолжи во главната фаза во која ќе бидат формирани нови групи.
Турнирот ќе трае до 15 декември, а завршницата ќе биде во Будимпешта, каде што ќе се играат полуфиналињата и дуелите за медал.
Ивона Кимовска