Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска го одржа првиот неформален брифинг со спортските новинари. Во интерес на презентирање на сѐ она што е сработено во изминатите четири месеци од формирањето на Министерството, она што се работи и што е планирано за во иднина.
Средбата се одржа во пријателска и продуктивна атмосфера, при што беа дискутирани тековните активности и планови на Министерството.
На средбата беше истакната заложбата за транспарентност и отвореност во работата на Министерството. Ова како и важноста на конструктивната соработка со медиумите за промоција на спортот и спортските вредности.
Министерството за спорт и спортските новинари договорија вакви неформални средби да се одржуваат еднаш месечно. Тоа со цел навремено информирање и отворена комуникација за сите активности поврзани со македонскиот спорт.
Министерот Борко Ристовски на средбата истакна дека транспарентноста и промомовирање на вистинските вредности се еден од приоритетите.