Актуелниот македонски шампион Еурофарм пелистер ја оствари 10-тата победа во Супер лигата. Пелистерци, во натпревар од 13.коло пред својата публика во Битола, го совладаа Тиквеш со 40-23 .
Во првото полувреме, гостите од Кавадарци беа рамноправни се до 18.минута кога беше израмнето 9-9. Следуваше серија на домашниот тим од четири гола за 13-9. Пелистерци на одмор заминаа со +5 (18-13). Во вториот дел, пелистерци континуирано ја зголемуваа предноста за на крајот да слават со 17 голови разлика.
Најефикасен во победничката екипа беше Богдан Радивојевиќ со 7 голови, додека Петар Атанасијевиќ постигна еден помалку (6). Кај поразениот Тиквеш, Игор Кривокапиќ натпреварот го заврши со 7 голови.
Сега Пелистер има 20 бодови колку и Вардар, а двата тима имаат два помалку од лидерот Алкалоид. Токму Вардар и Алкалоид утре ќе го играат дербито од ова коло.
Во првиот натпревар од оваа рунда Охрид го декласира Радовиш со 22 разлика, а во тек се уште три натпревари од денешната програма.
СУПЕР ЛИГА (МАЖ) – 12.КОЛО
САБОТА
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 40-23
ОХРИД – РК РАДОВИШ 43-21
18:00 КУМАНОВО – БУТЕЛ СКОПЈЕ
18:00 БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – СТРУГА
18:30 ПРОЛЕТ – ПРИЛЕП
НЕДЕЛА
19:00 ВАРДАР 1961 – АЛКАЛОИД