Ракометарите на Вардар во наредниот период ги очекуваа два важи дуели. Првиот е дербито во домашното македонско првенство против Алкалоид, а потоа и последниот во Лигата на Европа против Мелсунген.
Двата натпревари вардарци ќе ги играат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“.
Од таборот на црвено-црните денеска со информацијата дека влезниците за двата натпревари се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКТикетс.
Картите може да се купат за секој натпревар посебно или во пакет.
Поединечно, за дуелот со Алкалоид се продаваат по 200 и 300 денари, а за дуелот против Мелсунген по 300 и 400 денари. Пакет влезниците (за двата натпревари) чинат по 350 и 450 денари.
Дербито со Алкалоид вардарци ќе го играат во недела 24 ноември со почеток во 19 часот. Дуелот со Мелсунген во Лигата на Европа е два дена подоцна (26 ноември) од 20.45 часот.