Без многу изненадувања и тактизирање, Македонија ќе го почне последниот натпревар во Лигата на нациите против Фарските Острови.
Селектор Благоја Милевски направи две измени во однос на стартните 11-мина кои почнаа со Летонија во четвртокот.
На местото на повредениот Ељиф Елмас дуелот со Фараните ќе го почне Јани Атанасов. Втората промена е на десната бековска позиција, па местото Димоски, својот деби настап во црвено-жолтиот дрес на сениорите ќе го има Бојан Илиевски.
Во нападот на покрај Миовски ќе бидат Трајковски и Чурлинов.
Дуелот Македонија – Фарски Острови ќе почне од 15 часот, а може да го гледате во живо на МРТ1 и МРТ3.