Македонската фудбалска репрезентација е пред историска шанса да врзе пет победи во низа. За тоа да се случи македонските фудбалери ќе треба да ја совладаа селекцијата на Фарските Острови.
капитенот Енис Барди уверува дека сите негови соиграчи ќе го дадат максимумот тоа да се случи. Барди очекува дека конечно и публиката ќе ги препознае одличните резултати и дека ќе дојде во голем број на арената „Тодор Проевски“.
„Публиката е нашиот 12-ти играч, очекувам многу поголема поддршка”, истакна Барди.
Натпреварот Македонија – Фарски Острови ќе почне од 15 часот.