Фудбалската репрезентација на Македонија, утре ќе го одигра последниот натпревар во годинашното издание на Лигата на Нациите.
На националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, Македонија ќе ја пречека селекцијата на Фарските Острови.
Селекторот Благоја Милевски на овој натпревар не ќе може да смета на Ељиф Елмас. Тој пред три дена во дуелот со Летонија поради повреда предвреме го заври натпреварот што Македонија го доби со 1-0.
„Што се однесува до составот за утрешниот натпревар.
Се надевам сите ќе бидат здрави, па освен Елмас нема да ни недостига никој друг“,
изјави селекторот Милевски на денешната средба со медиумите.
Утрешниот натпревар меѓу Македонија и Фарските Острови ќе се игра во терминот од 15 часот.