18-годишната македонска скијачка Јана Атанасовска испишува историја во македонското скијање. Таа денеска ќе се појави на стартот од слаломската трка во финскиот зимски ски центар Леви. Јана денешната прва трка ќе ја стартува со старниот број 85, а во Финска е во придружба со своите тренери.
Таа е во групата на светската елита, заедно со големата Микаела Шифрин, како и со натпреварувачите од овој регион кои веќе неколку години постигнуваат резултати пред се хравстките скијачки Зринка Љутиќ и Леона Поповиќ.
Атанасовска местото со светската елита го избори благодарение на своите одлични постигнувања во претходните сезони.