Македонија славеше над Летонија со 1-0 во натпреварот од Лигата на нациите одигран вечерва во Скопје.
Како и што очекуваа во таборот на црвено-жолтите, вечерашниот меч беше потежок од првиот во Рига. Летонците се бранеа со сите сили, а отпорот го скрши Никола Серафимов.
За младиот фудбалер ова беше дебитантскиот гол во сениорскиот национален тим. Серафимов по натпреварот изјави дека најважно од се е што Македонија победи и ги освои трите бодови.