Македонскиот селектор Благоја Милевски скромно како и секогаш, со свое видување по победата над Летонија со 1-0.
Милевски уште еднаш потенцира дека ова е само една од целите кои ги има тој и неговите избраници во последните два дуели.
Селекторот нагласи дека победата и трите бода над Летонија е само првата од двете цели. Втората цел останува победа во неделниот натпревар против Фарските Острови.
Јасно е дека Милевски и неговите избраници сакаат со нов триумф да го потврдат првото место, но и пласманот во баражот за Светското првенство.
Во неделниот натпревар црвено-жолтите ќе влезат со мотив повеќе да испишан нова страна во македонската фудбалска историја.