Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитровски е апсолутен рекордер кога во прашање е т.н. „чиста мрежа“.  

Димитриевски е без примен гол на последните три натпревари во Лигата на нациите, а така сака да остане и по последните два.

„Сакам и по овој натпревар да останам со чиста мрежа.
Кога нагласувам на прес-конференција дека сакам чиста мрежа, ми носи среќа и се разбира дека тоа ми е целта и за овој меч.

Најважно е да победиме и да останеме на првото место.

Тоа беше нашата цел од почетокот на Лигата на нации, а тоа е цел и за овие два натпревари“, изјави Димитриевски.

Столе, но и неговите соиграчи, пред се од одбраната, ќе сторат сé, да му се исполни желбата. Дали тоа ќе се случи и дали ќе биде доволно за победа останува да видиме по натпреварот. 

Дуелот Македонија – Летонија ќе почне до 20.45 часот.