Во фудбалската УЕФА Лига на Нации остануваат да се одиграат уште две рунди во сите конкуренции.
Денеска на програмата се осум натпревари од претпоследното коло. Дерби дуелите ќе се играат во Брисел и Атина.
Во најквалитетната „А“ конкуренција, селекциите на Белгија и Италија ќе играат во рамките на втората група. Азурите се лидери на табелата со 10 бодови еден повеќе од Франција која го пречекува Израел. Затоа за Италијанците е важно да освојат бод или три на гостувањето кај Белгија која заостанува шест бода зад лидерот.
Во Атина пак ќе се игра дербито во „Б“ лигата. Грција која е лидер во групата 2, досега славеше победи на сите четири одиграни натпревари. Меѓунив и на гостувањето во Лондон кај Англија, која заостанува три бода зад Грците. Затоа вечерашниот натпревар ќе решава која селекција ќе го освои првото место и ќе обезбеди промоција во „А“ конкуренцијата.
Од останатите натпревари, секако најинтересен за над е дуелот во Скопје, каде Македонија ја пречекува Летонија.
УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ
Лига А
20:45 БЕЛГИЈА – ИТАЛИЈА
20:45 ФРАНЦИЈА – ИЗРАЕЛ
Лига Б
16:00 КАЗАХСТАН – АВСТРИЈА
20:45 ГРЦИЈА – АНГЛИЈА
20:45 ИРСКА – ФИНСКА
20:45 СЛОВЕНИЈА – НОРВЕШКА
Лига Ц
18:00 ЕРМЕНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ
20:45 МАКЕДОНИЈА – ЛАТВИЈА