Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди и неколкумина други се неизвесни за настап на дуелот против Летонија.
Ова вечерва го информира селекторот Благоја Милевски на официјалната прес-конференција пред утрешниот меч.
„ Имаме здравствени проблеми со неколкумина фудбалери.
Меѓунив е и Барди кој подолго време има проблеми, а сега вирус.
Дали и на кој ќе можам да сметам утре ќе видиме по вечерашниот тренинг “,
изјави селекторот Милевски на средбата со медиумите.
Натпреварот Македонија – Летонија што ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ ќе почне од 20.45 часот.