Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски не го криеше оптимизмот пред утрешниот натпревар со Летонија.
Селекторот очекува потежок натпревар отколку оно во Рига пред еден месец кога славевме со 2-0.
Сепак Милевски смета дека доколку фудбалерите го спроведат договореното на теренот, Македонија може повторно да се радува.
„ Овие момци секогаш за Македонија го даваат максимум. Нивниот карактер е на највисоко ниво и секогаш даваат се од себе .
Тие се во свој „филм“ кога играат за Македонија и забораваат на се.
Подготвени сме и се ќе зависи од нас самите, самите си одлучуваме. Целта останува иста, првото место“, изјави селекторот Милевски на вечерашната прес-конференција.
Со кои 11-мина Милевски ќе го започне утрешниот натпреварот (20.45 часот), ќе реши по вечерашниот тренинг.