Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер го објави името на новиот тренер. Станува збор за 45-годипниот шпански стратег Раул Алонсо.

Во својата богата меѓународна кариера Шпанецот, голем дел ја мина како тренер во Германија. Тој работеше во Обернбург, Рајн Мен Бинен, а од 2010 до 2015 година беше дел од стручниот штаб на големиот Кил. Со „зебрите“ стана двоен европски првак како асистент на Алфред Гисласон. Заедно освоија и серија на домашни трофеи од Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.
Алонсо потоа стана директор на академијата на Кил, а напоредно работеше и во Германската ракометна федерација.
Самостојна кариера почна во Австрија, каде со успех го водеше Тирол. Во 2018 година ја прифати понудата на Маноло Каденас и се пресели во Мешков Брест како асистент тренер.
По само една сезона го презеде кормилото на белорускиот првак и не погреши. Во две сезони како прв тренер на екипата ги освои сите домашни трофеи и стигна до четвртфиналето и осминафиналето на Лигата на шампионите. Во 2022 година Раул се врати во Германија и го водеше тимот на Ерланген.
Шпанскиот тренер на клупата на Е.Пелистер го наследи Бранислав Ангеловски пој замина од тимот по поразот од Алкалоид. Алонсо го чека тешка и напорна работа, пред се на домашната сцена, а потоа и обид за подобар настап во Лигата на шампионите.
Можно е да е слика од 1 лице, играње фудбал, играње американски фудбал и текст
Сите реакции:

Filip Vasilevski, Jordan Trantalovski и 632 други