Скандалозниот натпревар екипите на Скопје и Гевгелија нема да остане не санкциониран. Дуелот кој во рамките од ракометниот Куп на Македонија во женска конкуренција личеше на се освен на спортски натпревар.

Министерот на спорт и ракометна легенда Борко Ристовски најави дека „местачите“ ќе бидат казнети. 

„Ги погледнав снимките и веќе в понеделник на клубовите ќе им биде одземена лиценцата за дејност спорт и не ќе можат да се натпреваруваат во домашниот шампионат.

Ќе направиме итен состанок со РФМ, ваков тип на немили настани и грубо кршење на спортските правила, треба еднаш да ги ставиме под контрола“,

изјави Ристовски во интервјуто на Сител ТВ.

Воедно Ристовски објави дека е почнат процесот за исплата на т.н. „ваучери“ односно помош од државата.