Екипите на Челзи и Арсенал си ги поделија бодовите во лондонското дерби. Со резултат од 1:1 двете екипи незадоволни ќе ја пречекаат интернационалната пауза.

Во првиот дел возбудувања скоро и немаше. Впечаток остави само поништениот гол на Каи Хаверц во 32.та минута по досуден офсајд на ВАР.

Во второто полувреме Арсенал први поведоа со голот на Маринели во 60.та минута. Но Педро Нето го израмни резултатот на 1:1 со „еврогол” во 70.та минута и со тој гол се стави крај на мечот.

После ова коло Челзи се искачија на 3.место со 19 бода на 11 одиграни кола, додека Арсенал се со истиот учинок на 4-та позиција. Нотингем Форест и Брајтон исто така имаат 19 бода и се наоѓаат на 5-та односно 6-та позиција.