Шпанскиот шампион Реал Мадрид ја прекина низата од два пораз и тоа соу убедлива победа над Осасуна. Винициус Џуниор со „хет-трик” принесе за победа на „кралевите“ со 4:0 над Осасуна.

Иако Реал победи со 4:0, сепак победата може да се класифицира како „пирова” бидејќи се повредија Едер Милитао и Родриго.

Резултатот се отвори во 34.та минута по првиот гол на Винициус, а до крајот на првиот дел Белингем зголеми на 2:0 во 42.та минута. Во вториот дел Винициус го постигна својот втор гол во 61.та минута по асистенција на Андриј Луњин, и во 69.та со неговиот трет гол го запечати натпреварот.

Реал Мадрид се наоѓа на втората позиција во Ла Лига со 27 бода на 12 одиграни натпревари. По 13 одиграни натпревари Осасуна останува сеуште на 5.та позиција со 21 бод.