Ливерпул дојде до сигурен триумф против Астон Вила. Со резултат од 2:0 „црвените” одат на интернационална пауза со 5 бода предност во однос на Сити во Премиер Лигата.

Ливерпул поведе во 20.та минута со голот на Дарвин Нуњез по контра напад во кој Салах му асистираше.

Мо Салах дојде до својот гол во 84.та минута и со тоа ја запечати победата на Ливерпул.

Со 28 бода на 11 одиграни кола Ливерпул се лидери во Премиер Лигата со 5 бода предност пред Манчестер Сити. Астон Вила се на 8.та позиција со 18 бода.