Екипата на Брајтон со херојски пресврт дојде до триумф од 2:1 над Манчестер Сити.
Извондредното второ полувреме им донесе победа на домаќините над англискиот „владител”.
Во првото полувреме Халанд го постигна голот единствен за Сити. Во 23.та минута по својот одбиен обид Халанд ја затресе противничката мрежа.
Во второто полувреме на натпреварот имае „Брајтон-шоу” каде домаќините тотално ги доминираа „граѓаните”. Најпрво Жоао Педро постигна гол во78.та минута, а за во 83.та да му асистира на Мет О’Рајли за конечните 2:1.
Сити по 11 кола има 23 бода, само два помалку од лидерот Ливерпул, и според прикажаните игри не се сигурни дека може да држат чекор со нив. Брајтон се искачи на 4.та позиција со 19 бода на 11 одиграни натпревари.