Со натпреварот што ќе се игра вечерва во Битола, а во кој Пелистер е домаќин на Овче Поле СУ, започнува првата рунда во Купот на Македонија за ракометарки.

Ова е натпревар од „Г“ групата која брои три екипи, па затоа ракометарките на Вардар се слободни во оваа рунда.

Во останатите три групи има по четири екипи.

Само победниците од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот турнир што ќе се игра во нај месец. Трофејот во Купот на Македонија го бранат ракометарките на Ѓорче Петров.

КУП НА МАКЕДОНИЈА (ЖЕНИ) – ЧЕТВРТФИНАЛНА РУНДА

ГРУПА А
Сабота 15.00 МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – СТРУЖАНКА
Сабота 17.00 СПАРТАК – ШАМПИОН

ГРУПА Б
Сабота 12.00 АСТИБО – КУМАНОВО
Сабота 16.00 ЧАИР СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2

ГРУПА В
Сабота 13.00 СКОПЈЕ – ГЕВГЕЛИЈА
Сабота 18.30 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ДЕСПИНА

ГРУПА Г
Петок 20.30 ПЕЛИСТЕР – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ
Слободен ВАРДАР