Македонската фудбалска репрезентација на 14 и 17 ноември ја очекуваат двата последни натпревари во Лигата на Нациите. Од ФФМ денеска информираат дека во понеделник ќе бидат пуштени во продажба картите за дуелите со Летонија и Фарските Острови.
Картите ќе се продаваат низ мрежата на Мк-Тикетс.
Цената на влезниците е 200 денари за источната и западната трибина, односно 400 денари за северната и јужната.
Репрезентацијата ќе се собере во понеделник во Скопје каде ќе бидат одработени мини подготовките.
Првиот меч против Летонија ќе се игра на 14 ноември (20.45 часот), а три дена подоцна (17 ноември – 15 часот) е дуелот со Фарските Острови.