Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското првенство во Атина.
Тој во финалето во категоријата лоу-кик до 86 килограмиб, еше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска. Така Илиоски втор пат во низа стигнува до златниот медал на Европските шампионати.
Од овој, атинскиот, Македонија се враќа и со бронза која ја освои Стефан Михајловски во категоријата кик-лајт (+94 кгр).
Нашата селекција предводена од претседателот на федерацијата Дејан Митровски и тренерот Драган Атанасовски, броеше пермина борци.
На шампионатот што свечено ќе биде затворен утре учествуваа 982 натпреварувачи од 41 држава.