Во рамките од во 9.коло од женската Супер лига денеска се одиграа четири натпревари.

Ракометарките на Вардар лесно и го совладаа Спартак со 41:18.

Вардар го отвори натпреварот силно, поведувајќи со 7:2. Во 15-тата минута Спартак успеа да намали на 10:6. Домашниот тим постепено ја зголемуваше предноста и во 22-та минута стигна до +10 (17:7). На полувреме, Вардар замина со убедливо водство од 22:12.

Второто полувреме Вардар го одигра рутински, искористувајќи ја предноста стекната во првото. Во 40-тата минута домаќините ја зголемија разликата на +15 (28:13). Спартак се обиде да намали, но Вардар не дозволи. Натпреварот заврши со убедлив резултат за Вардар 41:18.

Најефикасни од тимот на Вардар беа Миленковска со осум и Богојеска и Радеска со пет погодоци. Од екипата на Спартак Гроздановска и Андоновска со шест гола.

И на останатите три натпревари, разликата во квалитет беше убедлива, а на победи се радуваат Астибо, Чаир и Пелистер.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – 9 КОЛО
ЧЕТВРТОК

АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 31-27
СКОПЈЕ – ЧАИР 27-39
ВАРДАР – СПАРТАК 41-18
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ПЕЛИСТЕР 19-26
СРЕДА
ДЕСПИНА – ШАМПИОН 37-19
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – КУМАНОВО 22-22

Ивона Кимовска