Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски ќе се бори за злато на Европското првенство во Атина.

Илиевски на најдобар можен начин обезбеди место во финалната борба, откако во полуфиналето со нокаут го совлада домашниот натпреварувач Филип Христос.

Во борбата во категоријата лоу-кик (-86 кг), уште во првата рунда Илиевски го испрати на подот Гркот. Така Бобан заслужено се здоби со можност пак да се бори за златото.

Илиоски ќе ја брани шампионската титула од пред две години, а негов противник ќе биде Ерик Нивегловски од Полска.