Екипата на ГРК Тиквеш во своите редови донесе нов ракометар. Станува збор за Даниел Андоновски кој ќе ја засили левата бековска позиција.

Охриѓанецот треба да му помогне на Тиквеш, првенствено во трката за позициите што водат во разигрувањето на Супер лигата.

Андоновски почна во својот Охрид, а во кариерата ги носеше и дресовите на Вардар Јуниор и Прилеп.

Тој сезонава ја започна во српскиот тим на Врање. Интернационална кариера Андоновски имаше и во Италија, односно екипата на Трст, а со своите настапи повеќепати беше во идеалниот тим на колото.