Македонските кикбоксери се во Атина каде се одржува Европското сениорско првенство.

На шампионатот на кој настапуваат безмалку 1.000 борци од 41 земја, Македонија веќе си обезбеди најмалку два бронзени медали.

Прво Бобан Илиоски во категоријата лоу-кик (-86 кг.) со победата над Хрватот, Петар Јаман обезбеди место во полуфиналето, кое гарантира најмалку бронза. Во него за противник Илиоски ќе го има домашниот борец, Гркот, Филис Христос.

И Стефан Михајловски обезбеди најмалку бронза. Тој во кик-лајт (-94 кгр), беше подобар од Гркот, Стефан Тикс. За место во финалето Михајловски ќе се бори со Украинецот, Серхи Бабенко.