Дерби дуелот од 10.коло на англиската Премиер лига меѓу Манчестер Јунајтед и Чалзи заврши без победник.

По еден постигнат гол на двете страни видоа присутните на „Олд Трафорд“ и оние крај тв приемниците.

Играа отворено и напаѓачки двете екипи, создадоа повеќе шанси но гол немаше до 77-та минута. Хојлунд беше соборен во шеснаесетникот на сините од Лондон , а судијата Џонс покажа на белата точка. Стрелец беше Бруно Фернандеш, кој го постигна првиот гол оваа сезона во Премиер лигата.

Челзи возврати по само четири минути, кога Каиседо погоди за 1:1.

Со освоениот бод Челзи се врати на четвртото место на табелата со вкупно 18 колку што имаат Арсенал и Астон Вила кој се зад сините. Манчестер Јунајтед е во долниот дел од табелата дури 13-ти со 12 бодови.