Македонскиот тенисер Калин Ивановски пред 10-тина дена се врати на терените. Ивановски е во Финска, каде настапи на челенџерот во Хелсинки.
Сепак, македонскиот тенисер не успеа да го мине ниту квалификациското коло откако беше поразен попладнево.
Калин загуби во два сета во мечот со Чехот, Јиржи Весели што траеше 1 час и 37 минути со 0:2 во сетови.
Во првиот сет еден брејк беше доволен за противникот да го добие сетот. Тоа се случи во третиот гем, кога Калин го загуби својот сервис, а сетот со 4-6.
Во вториот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па истиот се решаваше во тај-брејкот. Иако Калин прв одзеде поен на сервис на противникот, Весели возврати со три, па го доби тај-брејкот со 7-3 на поени, а мечот со 2:0.